Борусија Дортмунд го има можеби најтешкото гостување сезонава, на „Камп ноу“ против Барселона. Германскиот тим во првиот меч одигран на свој терен одигра 0:0, но Борусија може да жали што тогаш не победи, посебно што имаа шанса да дадат гол од пенал, но ударот на капитенот Марко Ројс го одбрани Марк тер Штеген. Токму Ројс и Тер Штеген се поранешни соиграчи од времето кога играа за Борусија Менхенгладбах.
„На првиот меч Марк покажа дека е одличен голман. Има силна психа, но тоа е и нормално. Ние сме Германци. Сакав да дадам гол во Дортмунд, но тој ми го одбрани пеналот. Сега имам нова шанса да го матирам. Не знам Барселона со кој тим ќе настапи, но без разлика на тоа кои играчи ќе бидат на теренот, тоа е силен состав. Ние треба да покажеме самодоверба и карактер. Точно е дека може да загубиме, но ако играме како на првиот меч, тогаш ќе имаме наши шанси“, рече Ројс.
Борусија досега одиграла три меча против Барселона и нема ниту една победа.