Рома даде еден гол и има тројца во идеалниот тим, Наполи со покер доби само двајца фудбалери во тимот на колото (Фото)

Популарната интернет-мрежа за фудбал „WhoScored.com“ стандардно одбра идеален тим од 11-мина играчи како тим на колото во Серија А и сега имаат чуден избор.

Рома, која го победи Кремонезе со 1:0, има дури тројца фудбалери во идеалниот тим, најмногу од сите екипи, а место има за стрелецот на голот Крис Смолинг, за Лоренцо Пелегрини и Пауло Дибала.

Интересно е што Наполи даде дури четири гола против Монца, но најубедливиот тим во второто коло во Серија А има само двајца играчи во идеалните 11, а тоа се Квича Кварацхелија и Мин-Це Ким.

Serie A team of the week from soccer

- Оглас -

Најнови вести