Рома го претстави тимот, на „Олимпико“ ечеше и српска музика (Видео)

Пред почетокот на пријателскиот меч со Шахтар, Рома на полниот „Олимпико“ го претстави својот тим за претстојната сезона.

Секако главна ѕвезда беше најзвучното засилување Пауло Дибала, овации добија и Вајналдум, тренерот Мурињо, и останатите играчи, а додека секој играч посебно излегуваше на терен, во позадија имаше музика која самите играчи си ја бираа.

Затоа, на олимпискиот стадион во Рим се слушаа и песна од Дара Бубамара по барање на голманот Миле Свилар, и евровизиската песна од Србинката Констракта која е омилена на Немања Матиќ.

- Оглас -

Најнови вести