Рома го сака Фабрегас за нов тренер од следната сезона

Сеск Фабрегас се наоѓа на списокот на потенцијални замени за Клаудио Раниери во Рома. Според „Скај Италија“, тренерот на Комо е идентификуван од страна на раководството на римскиот клуб како фаворит за таа позиција. Џалоросите со месеци работат на пронаоѓање нов тренер за следната сезона, знаејќи дека Раниери се врати од пензија во ноември само за да го спаси клубот и ќе си замине налето.

Во изминатите месеци беа спомнувани многу имиња како можни наследници, но сега „Скај Италија“ јавува дека најновото име е токму Фабрегас, при што веќе биле воспоставени контакти. Поранешниот играч на Арсенал и на Барселона му помогна на Комо да обезбеди промоција од Серија Б минатата сезона и тие веќе си го гарантираа статусот на стабилен калчолигаш.

По добрата работа во Комо, Шпанецот привлече внимание од неколку клубови, вклучително и Милан, Јувентус и Лајпциг, но од Комо инсистираат дека тој ќе остане. Сепак, моментната состојба укажува дека тоа станува сè помалку веројатно и шансите да се пресели на „Олимпико“ не се мали.

Фабрегас е силно посакуван од Рома, но клубот разгледува и други кандидати за тренерската позиција, меѓу кои се поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, стратегот на Ајакс, Франческо Фариоли, како и Патрик Виеира од Џенова.

- Оглас -

Најнови вести