Рома и Баер фуриозно до победи во Серија А и во Бундеслигата

Рома и Баер Леверкузен со голови го оправдаа епитетот фаворити против Киево и Мајнц и славеа убедливи победи во премиерните натпревари од Серија А и во Бундеслигата.

Поубедлив беше Баер и го декласира Мајнц како гостин со 5:1. Јулијан Брант со два гола и две асистенции беше главен актер во демолирањето на домаќините, а одлични беа и Белараби со гол и асистенција и Кевин Фоланд со две прецизни додавања за погодоци во мрежата на Мајнц.

Рома лесно излезе на крај со фенерџијата во Калчото и со головите на Ел Шарави, на Џеко и на Коларов победи во Верона со 3:0. Со 38 бодови „римската волчица“ се израмни со Лацио на четвртата позиција, а Киево остана последен со само 9 бода.

Баер Леверкузен моментно е на петтата позиција во Германија со 33 бода, а Мајнц остана со 27 бодови.

- Оглас -

Најнови вести