Рома ја победи Болоња со 1-0, а Лече со пресврт „два во еден“ го изненади Лацио со 2-1 во двата меча од Серија А кои почнаа во 16.30 часот и им донесоа многу задоволство на фановите на Римската волчица. Сега двата римски тима имаат еднаков број бодови.
Голот за Рома го даде Лоренцо Пелегрини од пенал уште во шестата минута. Инаку ова беше дуел на првиот (Рома) и последниот (Болоња) италијански клуб во кои има работено Синиша Михајловиќ. Капитените на двата тима истакнаа банер со последен поздрав до покојниот ексиграч на Рома и екстренер на Болоња.
Во Лече домашните го шокираа Лацио откако Орлите водеа со 1-0 по првото полувреме. Чиро Имобиле го постигна својот 189-ти гол во Серија А и стана деветти стрелец на сите времиња. Со овој гол тој ги надмина Алесандро дел Пјеро, Џузепе Сињори и Алберто Џилардино, но капитенот на Лацио мечот со Лече нема да го памети по убаво.