3628 Рома – Џенова (20:45 ч.)
Рома се обидува да биде во чекор со најдобрите. Волчицата моментално е на петтото место на табелата, но со евентуална победа над Џенова, тимот од Рим ќе дојде до 33 бода и ќе биде рамо до рамо со најдобрите кои се борат за титулата.
Џенова сезонава ќе се бори да не испадне. Со 25 примени гола ја има третата најслаба одбрана. Традицијата вели дека од последните 10 меча на овие ривали, Рома има седум победи, а Џенова се радувала само еднаш.
Предлог тип: 1&2-4 (2.55)
1200 Лестер – Дерби (20:45 ч.)
Две екипи кои се на средината од табелата во Чемпионшип, екипи кои играат без многу калкулации, па затоа често даваат, но и примаат голови.
И традицијата вели дека на осум од последните девет меѓусебни дуели, двете екипи постигнуваат барем по еден погодок.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)
1542 Порто – АФС (21:15 ч.)
Тука само прашање е со колку голови разлика ќе победи домаќинот. Порто е лидер со 14 победи и едно реми без пораз, додека АФС е на дното од табелата само со четири бодови и ниту еден триумф сезонава.
АФС во просек прима над два гола по меч, а Порто во просек дава повеќе од два погодока.
Предлог тип: T1 2+I & 2+II (4.30)
5648 Замбија – Мароко (20 ч.)
Мароко е домаќин на Африканскиот куп на нациите, но веќе еднаш киксира откако одигра 1:1 против Мали, па затоа сега мора да се коригираат против Замбија.
Во последните 15 меча, Замбија има дури 11 порази, три ремија и само една победа. Мароко во последните 19 средби има дури 17 победи и само две нерешени, без ниту еден пораз.
Предлог тип: 2-2&2-4 (2.60)
5644 Ангола – Египет (17 ч.)
Египет победи во првите две кола, додека Ангола е само со еден бод и е во опасност да испадне уште по групната фаза. Во седумте меѓусебни дуели на овие ривали, Египет има четири победи, а трипати било нерешено.
Египет може и да калкулира бидејќи го има обезбедено местото во нокаут-фазата, па тука може и да нема многу погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.89)

