Откако се пласираше во финалето на Конференциската лига каде ќе игра против Феенорд, калчолигашот Рома објави дека за финалето на 25-ти мај во Тирана, ќе ги награди своите 166 навивачи кои на 21 октомври присуствуваа на гостувањето кај Бодо Глимт, кога Волчицата загуби со катастрофални 1-6.
Овие фанови на Рома кои во живо го гледаа дебаклот, ќе добијат бесплатни билети за финалето на Конференциската лига. Тоа ќе им биде награда за тоа што беа со клубот кога му беше најтешко.
Рома во својата историја има само еден европски трофеј, оној од Купот на саемски градови освоен во далечната 1961 година, а клубот нема освоено пехар уште од 2008 к9га триумфираше во Купот на Италија.