Рома нема да даде гол на „Камп ноу“, Арсенал ќе треба да се помачи против Баерн

8500 Жалгирис – Монако (18.00 часот)

Литванскиот тим мора да го добие овој меч од кошаркарската Евролига, а квотата за кец е доволно привлечна. Жалгирис е во мртва трка за место во плејофот и мора да ја прекине серијата од два порази по ред ако сака да биде меѓу осумте најдобри во Европа. Монако е четврти и го има плејофот в џеб, а Кнезовите во Евролигата немаат пораз повеќе од еден месец, серијата им е пет победи по ред, но викендов загубија од Лимож во домашното првенство. Во декември во Монако беше 84-82, па Жалгирис има мотив и да им се реваншира.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

6271 Барселона Ж – Рома Ж (18.45 часот)

Женскиот тим на Барселона е на прагот на полуфиналето во Лигата на шампионите откако во Рим ја победи Рома со 1-0, а вечерва дома треба да ја потврди фаворитската улога. Дуелот ќе се игра на „Камп ноу“, девојките ќе имаат голема поддршка од трибините. Италијанките нема што да бараат, а кај Барса по долга пауза, се врати и најдобрата Алексија Путелјас.

Предлог тип: 1 Сигурна (1.63)

 

2834 Свифт Есперанж – Диферданж (20.00 часот)

Есперанж е лидер на табелата во луксембуршкото првенство, има три бода пред вториот Дуделанж, но и двата тима не се многу сигурни во последно време. Есперанж во последните три кола има само една победа. Тој е најефикасен тим во лигата со 66 гола на 21 меч, па одбраната на осмопласираниот Диферданж, кој има две победи по ред, ќе биде ставена на тест. Есеноска, Есперанж како гостин славеше со 2-1 против Диферданж.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.15)

 

1025 Челтенам – Шефилд вензди (20.45 часот)

Шефилд вензди се бори за влез во англискиот Чемпионшип, има дури 35 бода повеќе од домаќинот, ја има најцврстата одбрана во Лига 1, но според моментната форма, поголеми се шансите да победи Челтенам. Шефилд има два порази по ред, во последните три кола освои само еден бод и сега е втор на табелата во третата англиска лига. Челтенам е дури 17-ти, но игра во страшна форма, освои 10 бода во последните четири кола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.70)

 

6741 Арсенал Ж – Баерн Ж (21.00 часот)

Со оглед на резултатот од првиот меч, 1-0 за Баерн, голема е неизвесноста околу патникот во полуфиналето на женската ЛШ. Квотите го фаворизираат лондонскиот тим, а традицијата е на страна на Германките, кои славеле со сите три досегашни меѓусебни дуели, но два биле пријателски. Баерн на последните седум меча во сите натпреварвања нема примено гол.

Предлог тип: & 0-3 (1.82)

- Оглас -

Најнови вести