Рома рутински против Торино

Рома со убедливи 3-1 го надигра Торино за потврда на седмата овосезонска победа во Серија А и приклучок на водечките Милан, Интер и Јувентус во трката за Скудетото.

Волчицата овојпат го одбрани домашниот терен, ако се знае дека Торино во ланската сезона славеше на „Олимпико“ со 2-0, но овојпат Биковите немаа сили за изненадување.

Мхитарјан ја отвори средбата во 27-мата минута, а Верету беше прецизен од белата точка пред паузата на полувреме. За да нема дилеми, се погрижи Пелегрини во 68-мата минута, зголемувајќи на 3-0, а само пет минути подоцна гостите дојдоа до почесниот погодок преку Белоти.

Рома сега е на четвртото место со 24 бода, исто колку што има Јувентус, додека Торино е претпоследен само со шест бода по 12 натпревари во италијанскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести