25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Рома со еден прецизен потег до три бода кои ја однесоа на посакуваната позиција

Рома ги освои планираните три бода во дуелот со Верона во меч од 23. коло во Серија А. Норвешкиот интернационалец Ола Солбакен е стрелец на единствениот гол на „Олимпико“ кој донесе три бода за Римската волчица и радост на преку 60.000 навивачи кои беа на трибините.

Солбакен е само третиот Норвежанец што постигнал гол за Рома во Серија А, по Џон Арне Рисе и Џон Карју.

Со оваа победа Рома стигна до 44 бодови и се искачи на третото место на табелата во Серија А, пред Милан кој има исто бодови, но Росонерите сега се четврти.

- Оглас -

Најнови вести