Ромањоли ја имаше одбраната на вечерта, и тоа по шут на Илија Несторовски (Видео)

Илија Несторовски имаше одлична можност да ја затресе мрежата на Милан на почетокот на второто полувреме, но радоста на македонскиот репрезентативец ја спречи дефанзивецот Алесио Ромањоли.

Нестор-гол се најде сам пред голот на домаќините и од неколку метри со глава биеше, но во последен момент од гол-линијата топката ја извади капитенот на Милан.

Удинезе во 68-мата минута сепак дојде во водство од 1:0 со погодокот на Бекао.

 

- Оглас -

Најнови вести