Романскиот селектор Мирел Радои го објави поширокиот список со 22 репрезентативци на кои смета за мечот против Македонија на 25. март во Плоешти, со кој двете селекции ќе го почнат квалификацискиот циклус за настап на Мундијалот во 2022 година во Катар.
Од нив дури една четвртина, или шестмина се од клубови од Серија А, а ги предбоди познатиот стопер на Сасуоло, Влад Кирикеш, кој играше и за Тотенхем и за Наполи, пред да ја напушти Романија и најтрофејниот клуб Стеауа.
Со него на списокот се и голманот на Интер, Јонут Раду, потоа и Могош од Киево, Марин од Калјари и Михаила и Ман од Парма. Последниот Ман, кој е голем талент на романскиот фудбал неодамна го урна рекордот со трансфер вреден 15 милиони евра.
Мечот ќе се игра на 25. март од 20.45 часот на „Илие Оана“ стадионот во Плоешти.
Еве го комплетниот список на Романците за мечот со Македонија:
ГОЛМАНИ: Флорин Нита (Спарта Прага, Чешка), Јонут Раду (Интер, Италија)
ОДБРАНА: Влад Кирикеш (Сасуоло, Италија), Кристијан Ганеа (Арис, Грција), Адријан Рус (МОЛ Фехевар, Унгарија), Василе Могош (Киево, Италија), Богдан Циру (Јагелонија, Полска), Јонут Неделчеару (АЕК Атина, Грција), Драгош Григоре (Лудогорец, Бугарија), Алин Тошка (Газијантеп, Турција).
СРЕДЕН РЕД: Александру Максим (Газиантеп, Турција), Александру Балута (Академија Пушкаш, Унгарија), Сергиу Ханџа (Краков, Полска), Разван Марин (Калјари, Италија), Александру Крету (Марибор, Словенија), Николае Станчиу (Славија Прага, Чешка), Јанис Хаџи (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Ерик Бикфалви (Урал, Русија), Валентин Михаила (Парма, Италија), Денис Ман (Парма, Италија)
НАПАД: Клаудиу Кесеру (Лудогорец, Бугарија), Георге Пушкаш (Рединг, Англија).