Ботошани е сериозен во намерата да ја освои титулата во Романија, а во нашата Прва лига ќе настапува играч што цела деценија мина во Барселона.
Давид Бабунски е производ на познатата фудбалска Академија „Ла Масија“ и се работи за школуван играч што може да му помогне на Ботошани во плејофот, пишуваат новинарите на „Дигиспорт“.
Бабунски потпиша на една и пол година со клубот што е формиран во 2001 година, а во прволигаш во Романија за првпат се промовираше во сезоната 2012/13.
За Ботошани игра и нашиот поранешен репрезентативец Стефан Ашковски. Клубот е на третото место во плејоф-групата од шест екипи со 24 бода, пет помалку од лидерот и актуелен првак Клуж и два од Универзитатеа Крајова. Зад нив со 23 бода е ФЦСБ, или поранешна Стеауа, Газ Метан има 22, а Астра 21 бод.