Ромарињо ги шокираше Роналдо и Ал Наср кои сега може да останат и без титулата во Саудиска Арабија (Видео)

Ал Итихад победи во големото дерби против Ал Наср, а клучен момент беше тој во 81 минута, кога Ромарињо донесе радост за домашните навивачи. Искусниот 32-годишен Бразилец успеа да го матира голманот на Ал Наср и трите бода во дербито се за Ал Итихад.

Со оваа победа Ал Итихад сега е нов лидер во првенството во Саудиска Арабија со 47 бодови од 20 кола, додека Ал Наср остана до 46 бодови и е втор. За Ал Наср целиот меч со капитенската лента на раката го одигра Кристијано Роналдо, но тимот остана немоќен.

Ова е втор пораз на Роналдо и Ал Наср од Ал Итихад, откако загубија пред месец и пол и во Супер купот на земјата со 3:1. Ал Итихад едноставно доминира во дуелите со Ал Наср затоа што во последните 11 меѓусебни дуели, имаат шест победи и пет нерешени. Ал Наср последен пат победил во ова дерби во декември 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести