Ромеу доби втора шанса во Барселона, потпиша тригодишен договор

Ориол Ромеу после 12 години се врати во Барселона, и потпиша тригодишен договор.

Овој Каталонец кој кариерата ја почна во Барса Б, а за првиот тим на Барселона одигра еден меч во сезоната 2010/2011, сега доаѓа како искусен 32-годишен играч кој треба да ја пополни празнината која се појави по заминувањето на Серхио Бускетс.

Ромеу во минатата сезона играше за Жирона, а пред тоа седум години го носеше дресот на Саутхемптон. Со Челзи ја освои Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести