16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Роналдо бара тројца играчи од Барселона да дојдат во Јувентус

Кристијано Роналдо не ја исполни мисијата во првата сезона во дресот на Јувентус и остана без трофејот во Лигата на шампиони. Португалецот кој е рекордер со пет шампионски трофеи во евлитното натпреварување на УЕФА, не се откажува од идејата да се радува со Јувентус во ЛШ.

Според најавите, Роналдо решил да предложи на челниците на Јувентус, тројца играчи кои сезонава се дел од Барселона. Голманот Јеспер Силесен, дефанзивецот Самуел Умтити и креативецот Иван Ракитиќ биле играчите кои се предлог на Роналдо.

Силесен најави дека сигурно ќе си замине од Барселона, бидејќи е незадоволен од минутажата која ја добива, а тоа е само во Купот на Шпанија. Освен на голманската позиција, во Јувентус може да има и „освежување“ во одбраната. Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи засега се незаменливи, но сигурно дека на ветераните им треба помош која би ја дал Умтити.

Јувентус во Лигата на шампиони беше елиминиран од Ајакс и тоа во Торино. На тој меч, гостите од Амстердам целосно доминираа на средината на теренот и тоа само потврди дека е потребно засилување во креативниот дел од тимот на најтрофејниот клуб во Италија.

Доколку бидат прифатени овие предлози на Роналдо, Јувентус за овие тројца играчи би платил околу 100 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести