Кристијано Роналдо во третата сезона во дресот на Ал Наср се надева дека конечно ќе се израдува на првиот трофеј. На Ал Наср добро му оди во првенството, но Португалецот смета дека е потребно екипата да добие засилување.
Според шпанските медиуми, Роналдо упатил порака до челниците на Ал Наср да се обидат да доведат еден играч на Реал Мадрид. Се работи за Антонио Рудигер. Искусниот германски дефанзивец веќе неколку сезони е столб во одбраната на Кралскиот клуб, а според Роналдо, токму Рудигер би бил клуч за Ал Наср да стигне до трофеј оваа сезона.
Актуелниот договор на Рудигер со Реал Мадрид завршува ова лето, што значи дека сите останати клубови имаат дозвола за јавно да контактираат и се договараат со дефанзивецот.
Од Реал ако не му го продолжат договорот, а сакаат да заработат пари, ќе треба да го продадат во текот на овој преодек рок.

