Роналдо добива големо засилување во Ал-Наср, доаѓа поранешниот напаѓач на Ливерпул и Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане, кариерата би можел да продолжи во Саудиска Арабија и да заигра заедно со Кристијано Роналдо во Ал-Наср, пишува „Атлетик“.

Според англискиот медиум, Мане веќе започнал преговори со челниците на Ал-Наср и се очекува наскоро трансферот да се официјализира.

Мане по шест сезони поминати во Ливерпул, минатото лето се пресели во Баерн Минхен, но имаше сезона за заборав. Напаѓачот во ноември минатата година се повреди, па мораше да оди на операција поради што го пропушти Светското првенство.

Во февруари годинава се врати на терените, но набрзо, по поразот од Манчестер сити во четвртфиналето во ЛШ, заработи суспензија удирајќи му бокс на соиграчот Лерој Сане.

Челниците на Баерн одлучија да го стават Мане на трансфер-листата, а најконкретен досега е Ал-Наср и се очекува многу брзо трансферот да се официјализира.

- Оглас -

Најнови вести