Роналдо донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а ќе заработува 555.555 евра дневно

Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср до јуни 2026 година, откако се шпекулираше за тоа каде ќе игра наредната сезона, објави португалскиот весник „А Бола“, повикувајќи се на саудиски извори.

На Роналдо актуелниот договор со Ал-Наср му истекува на крајот од сезоната, а според новиот договор, ќе продолжи да заработува 200 милиони евра годишно, односно 16,67 милиони месечно, 3,88 милиони неделно или 555.555 евра дневно.

Овој износ би можел да се зголеми во зависност од бонусите за потпишување и комерцијалните приходи поврзани со авторските права.

Саудискиот весник „Ал Кхабара“ наведува дека Ал-Наср се обврзал да го направи тимот поконкурентен, со оглед дека моментно заостануваат девет бодови зад лидерот на саудиското првенство, Ал-Итихад.

Роналдо и оваа сезона игра извонредно и постигна 17 голови со три асистенции на 20 натпревари, а вкупно, од неговото доаѓање во Ал-Наср, постигнал 81 гол на 90 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести