Роналдо е бесен и го блокира „Трансфермаркет“, не е задоволен колку вреди (Фото)

Кристијано Роналдо имал интересна битка на социјалните мрежи со познатиот светски сајт „Трансфермаркет“, кој постојано ја објавува вредноста на фудбалерите на пазарот.

Роналдо не бил задоволен од проценката на „Трансфермаркет“ дека моментно вреди 75 милиони евра на листата составена од најскапите играчи што имаат над 33 години.

Популарниот ЦР7 веднаш реагирал со порака до познатиот германски сајт, а потоа незадоволен од одговорот и ги блокирал на „Инстаграм“.

„Најпрво му испратил порака на нашиот партнер што се грижи за објавите на социјалните мрежи, а потоа незадоволен од одговорот дека е проценет како највреден фудбалер од групата над 33 години нè блокира“, изјавија од „Трансфермаркет“.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести