Роналдо ги предизвикува останатите ѕвезди, дојдете тука и направете спринт на 40 степени

Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток во изборот на „Globe Soccer Awards“ во Дубаи. По добивањето на ова признание легендарниот Португалец повторно потенцираше колку е силна лигата во Саудиска Арабија каде игра моментално во тимот на Ал Наср.

„Првенството во Саудиска Арабија е посилно од тоа во Лига 1 во Франција. Само обидете се да спринтувате на 38, 39 или 40 степени и ќе видите за што ви зборуваме. Франција го има ПСЖ, но останатите се готови“, рече Роналдо.

Според Роналдо, прв фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони е Реал Мадрид, а потенцираше и дека по завршување на играчката кариера, не планира да стане тренер.

- Оглас -

Најнови вести