Роналдо го реши најголемото дерби во Саудиска Арабија и го предводи Ал-Наср до титулата (Видео)

Екипата на Ал Наср граби кон освојување на титулата во првенството на Саудиска Арабија, откако со 2:0 го доби најголемото дерби во земјата против Ал Ахли во меч од 30 коло. Со оваа победа, Ал Наср стигна до 79 бодови и се зацврсти на лидерската позиција на табелата во домашното првенство, пред Ал-Хилал кој има 71 бодови од 29 меча, додека Ал Ахли остана на третото  место со 66 бодови исто така од 29 дуели.

Кристијано Роналдо како вистински капитен го предводеше Ал Наср до победата, откако погоди со глава во 76 минута за водство од 1:0. За Роналдо ова беше 970 погодок во кариерата и сега е на само 30 голови до остварување на историскиот подвик да биде првиот фудбалер со 1.000 голови во кариерата.

Во финишот на средбата, Ал Наср го потврди триимфот со погодокот на Коман.

- Оглас -

Најнови вести