Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, во интервјуто за британскиот новинар Пирс Морган истакна дека еден од неговите најголеми модели во светот на спортот е Новак Ѓоковиќ.
Роналдо им се воодушевува на спортисти кои го инспирираат со грижа за себе и здрави навики кои им помагаат да бидат на врвот и кога се на возраст на која не е баш нормално да бидат во таква форма. Роналдо ги наведе Леброн Џејмс, Лука Модриќ и Новак Ѓоковиќ.
Кристијано се заблагодари за зборовите на Србинот, кој рече дека Роналдо е негов пример и мотивација да продолжи да се натпреварува и на 40-тина години.
„Има добри примери во другите спортови. На пример, Леброн Џејмс, тој сè уште игра, во одлична форма е. Исто така и Лука Модриќ, тој сè уште изгледа одлично. Ѓоковиќ е одличен пример за величина во спортот. Добро е кога луѓето од други спортови зборуваат добро за тебе, тоа многу значи. Мило ми е за неговите зборови, ми значи“, рече Португалецот.
Новак денеска ќе игра полуфинале на турнирот во Атина, и тоа малку порано попладне, за да може вечер да биде во салата во Пиреа и да гледа евролигашка кошарка Олимпијакос – Партизан.

