Роналдо и Лукаку треба да се главни на терените на ЛШ во Англија

Кристијано Роналдо е главниот адут на Манчестер јунајтед против Аталанта на „Олд Трафорд“. Португалецот во нападот ќе биде со Маркус Рашфорд, а тука се и Бруно Фернандеш и Фред. Офанзивна е формацијата на Манчестер, а за гостите од Бергамо е јасно дека играат напаѓачки, па може да биде шоу од голови на „Театарот на соништата“.

Со Ромелу Лукаку и Тимо Вернер во нападот, актуелниот европски првак Челзи не би требало да има тешка задача на „Стемфорд бриџ“ против Малме. Тренерот Томас Тухел не калкулираше многу и решен е без многу потешкотии да стигне во триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести