Роналдо и Мане го „збудалеа“ противниците: Португалецот со хет-трик, Садио даде два гола (Видео)

Дури во третото коло од новата сезона во првенството на Саудиска Арабија, екипата на Ал-Наср се израдува на првата победа. Тимот во кој царува Кристијано Роналдо, а сега се прилагодува и Садио Мане, одигра одличен меч и победи со убедливи 5:0 на гости кај Ал-Фатех.

Роналдо беше вистински лидер на теренот и на крајот постигна три гола, а имаше и една асистенција. Останатите два гола беа дело на Садио Мане, па овие две големи ѕвезди едноставно покажаа дека одлично може да функционираат на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести