4.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Роналдо и на 40 години дава голови со ножички, како од шега (Видео)

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо изведе уште една мајсторија во дресот на Ал-Наср, во триумфот од 4-1 против Ал-Калеј во првенството на Саудиска Арабија. Тој постигна неверојатен гол со ножички, потсетувајќи на некои минати времиња од периодот кога беше член на Реал Мадрид или на Манчестер јунајтед.

Голови за Ал-Наср постигнаа и Жоао Феликс, Весли и Садио Мане, а Роналдо погоди за крај, во судиското надополнување и предизвика еуфорија со изведбата.

- Оглас -

Најнови вести