На ножичките на Ромарио љубоморат и големите Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ. Фудбалерот на УТА Арад, романскиот второлигаш, донесе победа од 3-2 за својата екипа на гости кај Ресита со фантастичен погодок во првата минута од судиското надополнување.
Голот вреден за да биде во конкуренција за наградата Пушкаш, Ромарио го постигна со ножички, и тоа на работ од шестнаесетникот и на тој начин ги донесе бодовите за неговата екипа.