Роналдо има нов соиграч кој доаѓа од Премиер лигата

Екипите од Саудиска Арабија продолжуваат да се засилуваат со фудбалери од најсилните европски лиги, а последен трансфер е на релација Лондон – Ријад.

Нов фудбалер на Ал-Наср, за кого настапува Кристијано Роналдо, ќе биде досегашниот играч на Челзи, Хаким Зијех.

Преговорите меѓу трите страни се завршени и од официјален потпис на мароканскиот репрезентативец со Ал-Наср го делат само лекарските прегледи.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1673333874913427456?s=20

Зијех по лекарските прегледи го чека тригодишен договор вреден 90 милиони евра, додека Сините ќе добијат отштета од 10 милиони евра.

Зијех е третиот фудбалер кој од Челзи веќе се пресели во Саудиска Арабија. Пред него тоа го направија Калиду Кулибали (Ал-Хилал) и Н’голо Канте (Ал-Итихад), а тоа се очекува да го стори и голманот Едуар Менди.

- Оглас -

Најнови вести