Роналдо ја доби најбизарната понуда и таа доаѓа од Молдавија

Зимскиот преоден рок е во полн ек, а уште се памти кога пред две години Кристијано Роналдо направи неверојатен потег кога си замина од Манчестер јунајтед за да потпише со Ал Наср. Роналдо е најплатениот фудбалер во светот и најави дека во Саудиска Арабија се чувствува одлично и воопшто не планира да го напушти клубот.

Иако е многу јасно дека Роналдо ќе остане во Ал Наср до крајот на сезоната, кога и му истекува договорот, сепак, постојат клубови кои сонуваат дека можеби би успеале да го доведат Португалецот во своите редови.

Роналдо ја доби можеби и најбизарната понуда и тоа од молдавскиот тим Дачија. Јасно е дека молдавскиот тим не може никако да парира со финансиски средства, па како пренесува реномираниот „goal.com“ петкратниот освојувач на Златната топка би добил интересна компензација. На Португалецот му се нуди место во клупската администрација на позиција меѓународен амбасадор. Опција е и да работи како шеф на академијата или тренер во младинскиот погон. Оваа понуда на Дачија стана вирална, но јасно е дека е неостварлива.

- Оглас -

Најнови вести