Поранешниот бразилски фудбалер Марио Жардел, кој сега има 45 години, потсети на флертувачката романса на сестра му Жордана со Кристијано Роналдо и рече дека би сакал Португалецот да му беше зет.
Жардел кој се прослави во Гремио, а потоа експлодираше во Порто во чиј дрес даде 130 гола на 125 меча, во текот на кариерата имаше проблеми со дрогата и алкохолот, па падна во депресија. Сега тие проблеми се оставени во минатото, Жардел се чувствува добро, тренира секое утро, а жената ја пофали дека многу му помогнала да излезе од кризата.
Сестрата на Жардел, Жордана, пред 16-17 години, кога Кристијано почна да игра за Спортинг, се плеткала со тогаш талентираниот фудбалер. Жардел две сезони беше во Спортинг, а и таму имаше просек од над еден гол по натпревар.
„Две години играв заедно со Кристијано, а Спортинг од тогаш нема освоено титула. Сестра ми и Кристијано флертуваа, се разбира дека би сакал тој да ми беше зет, но животот е таков“, изјави најдобриот Бразилец кој играл во португалската лига.