Роналдо „ја победи“ пчелата и ќе игра против Шведска

Кристијано Роналдо е подготвен и вечерва ќе го носи дресот на португалската репрезентација во дуелот против Шведска, во рамките од второто коло од Лигата на нации. Капитенот на Португалија го пропушти првиот меч во Лисабон против Хрватска поради една необична повреда.

По завршување на еден тренинг, Роналдо бил боцнат од пчела на прст од ногата. Убодот бил опасен, па прстот му потекол, а подоцна се инфицирал. Токму поради тоа Роналдо не можеше нормално да тренира и мечот против Хрватска го изгледа од трибините.

Сега, ситуацијата е многу подобра и Роналдо е подготвен за репрезентативниот предизвик на европскиот првак. „Подготвен“ напиша вчера Роналдо на својот твитер профил.

 

- Оглас -

Најнови вести