Роналдо уживаше и мислеше дека е посебен, па доби лекција од една девојка (Видео)

Португалија и без Кристијано Роналдо одигра фантастичен меч и убедливо со 4:1 ја победи Хрватска во првото коло од А сегментот во Лигата на нации. Иако не беше на теренот, Роналдо повторно успеа да се најде во центарот на вниманието.

Капитенот на Португалија седеше на трибините и го следеше дуелот, а од сите луѓе, само тој немаше маска на лицето како заштита од Коронавирусот. Уживањето на Роналдо го попречи една девојка која беше задолжена за почитување на протоколите.

Девојката му пријде на Роналдо и му објасни дека и тој мора да носи маска на лицето како што носат сите останати околу него. Фудбалската ѕвезда веднаш го послуша советот и ја стави својата маска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести