Роналдо поради убод од пчела нема да игра вечерва

Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Португалија за дуелот против Хрватска во првиот меч од Лигата на нации. Капитенот на Португалија се соочи со неочекуван проблем, доби инфекција на прстот на десната нога и тоа откако добил убод од пчела.

Отокот по убодот станал мнгу голем и ситуацијата се искомпликувала, па дуелот на актуелниот европски и актуелниот светски вицепрвак ќе биде без првата ѕвезда.

„Не знам колку долго ќе му треба да спадне отокот. Тренираше нормално, а во средата му потече прстот на ногата. Добил убод од оса. Со таква инфекција никогаш не може да знаете кога ќе се повлече отокот“, објасни португалскиот селектор Фернандо Сантош.

Португалија во вторник ќе го игра и вториот меч од Лигата на нации против Шведска.

 

- Оглас -

Најнови вести