Роналдо ја провоцира Рома: Немаат играч со кој би го сменил дресот

„Рома нема ниту еден играч со кој би го разменил дресот. Ме молеа да престанам да дриблам и да намалам со темпото кога со Манчестер јунајтед ги победивме со 7:1. Потоа ми се закануваа дека ќе ме повредат“, раскажува Португалецот пред дербито со Рома во недела, во меч од Калчото.

Роналдо е во извонредна форма и на последните 7 меча за Јувентус постигна 9 гола. Вкупно сезонава постигна 15 погодоци на 22 меча што ги одигра за актуелниот првак на Италија, па играчите на Римската волчица ќе имаат многу мака за да не дозволат да им се повтори сезоната 2006/07, кога Роналдо со два гола го предводеше Јунајтед до триумф од 7:1.

Дербито Рома – Јувентус ќе се игра на „Олимпико“ на 12 јануари, од 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести