Роналдо: Јас да сум газда на Манчестер јунајтед веднаш би ги средил работите

На церемонијата на доделувањето на наградите „Globe Soccer Awards“ Кристијано Роналдо зборуваше на многу теми, а неизбежна беше и таа поврзана со неговиот некогашен клуб Манчестер јунајтед. Роналдо вели дека проблемот во клубот е мноу поголем од тоа само да се донесе нов тренер и доведувањето на Рубен Аморим.

„Премиер лигата е најтешка во светот. Сите екипи се добри. Сите се борат, трчаат, сите се силни. Фудбалот сега е поинаков. Нема веќе лесни мечеви“, рече Роналдо, а потоа се фокусираше на проблемот со слабите резултати на неговиот некогашен клуб Манчестер јунајтед. Роналдо дури се пофали дека ако е тој газда на Црвените ѓаволи, веднаш ќе го пронајде решението, кое никако не е во смена на тренерите.

„Ако имате риба во аквариумот и таа е болна, ја извадите надвор и мислите дека сте го решиле проблемот, па пота ја вратите пак назад, таа повторно ќе биде болна. Проблемот во Манчестер јунајтед е таков. Не е секогаш тренерот виновен. Има многу повеќе од тоа. Ако јас бидам газда на Манчестер јунајтед ќе ги расчистам работите, ќе ги тргнам сите лош работи на страна“, рече Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести