Роналдо не е омилен во Белград (видео)

Европскиот првак Португалија со цел плен се врати од гостувањето во Белград, каде што на стадионот на Црвена ѕвезда „Рајко Митиќ“ славеше со 4-2 против селекцијата на Србија. Во голеадата од шест погодоци учествуваше и мегаѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо, кој се запиша во листата на стрелци за 3-1 во корист на гостите.

Во текот на целиот меч, од трибините се слушаа свирежи при секој допир на топката на Роналдо, што покажа дека не е омилен меѓу српските фудбалски љубители. Во една ситуација во 50-тата минута, Роналдо имаше прилика за удар кој заврши неуспешно, а домашните фанови го „поздравија“ со извикување на името на неговиот најголем ривал, Лео Меси.

На таа провокација Роналдо не остана рамнодушен, одговори со гол во 80-тата минута, па може да се каже дека ги израмни сметките со српските навивачи.

Ситуацијата од вчерашниот меч можете да ја видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести