Роналдо не запира: даде гол и за крај на 2023, а и Брозовиќ беше во елемент (Видео)

Ал Наср го доби дербито против четвртиот Ал Тавон со 4-1, и потврди дека е втор најдобар тим во Саудиска Арабија после Ал Хилал кој е прв и му бега седум бодови на Ал Наср.

Кристијано Роналдо го даде четвртиот погодок за Ал Наср вечерва, и календарската 2023 година ја заврши со 54 голови со што е најефикасен светски фудбалер во годинава која изминува.

Ал Тавон поведе, а потоа Марцело Брозовиќ со гол и асистенција, донесе пресврт. За Хрватот ова беше втор гол во дресот на Ал Наср, а првиот го даде пред осум дена. Погодија и Ејмерик Лапорт и Отавио, пред Роналдо да стави точка.

- Оглас -

Најнови вести