Роналдо остана во шок кога дозна дека не беше избран за најдобар играч на финалето (Видео)

Кристијано Роналдо вчера го освои првиот трофеј во дресот на Ал-Наср, откако во финалето на Арапската Лига на шампиони, по голема борба, дури по 120 минути игра го победија Ал-Хилал. Португалецот беше вистински херој на Ал-Наср, постигнувајќи ги двата гола за победа и пресврт, бидејќи противникот беше тој кој прв се израдува на погодок.

Мичел погоди во 51 минута за водство на Ал-Хилал, но Роналдо израмни во 74 минута по асистенција на Талиска. Тоа беше резултатот по 90 минути, а во дополнителните 30 минути повторно шоу имаше Роналдо кој погоди за 2:1 во 98 минута.
На крајот Ал-Наср го освои трофејот, но Роналдо повторно имаше нешто поради кое беше лут.

Организаторот реши дека Сергеј Миленковиќ-Савиќ од редовите на Ал-Хилал е најдобар играч на мечот, а кога тоа го слушна Роналдо, остана збунет. Португалецот веднаш со гестикулација покажа дека тој дал два гола и дека нормално би било тој да го добиел трофејот за најдобар играч во финалето, а не Србинот.

- Оглас -

Најнови вести