Роналдо откри зошто не играше за Португалија по СП 2018

Кристијано Роналдо со Португалија не успеа да направи некој позначаен резултат на Светското првенство во Русија. Актуелниот европски првак разочара, а по елиминацијата, капитенот Роналдо најави дека му претстои период на пауза од националниот тим. Сега самиот играч реши да објасни зошто се одлучил на такво нешто, но и ги израдува фановите на оваа земја.

„Во 2019 година повторно ќе бидам во националниот тим на Португалија. Имав договор да одморам до крајот на 2018 година. Тоа беше така бидејќи јас имам 33 години, сменив една држава со друга, ги сменив соиграчите, процесот на тренинг, па затоа и барав повеќе време за да можам да се адаптирам“, објасни Роналдо.

Капитенот на Португалија е вистински предводник на националниот тим. Во 154 настапи, досега има дадено 85 голови, што го прави апсолутен рекордер не само во дресот на Португалија, туку и за цела Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести