Роналдо постави нов рекорд во европскиот фудбал, Меси е веднаш зад него

Кристијано Роналдо со два гола го спаси Јувентус од пораз на гостувањето кај Рома, во дербито од второто коло во Серија А. Португалецот прво погоди од пенал, а потоа со фантастичен гол со глава во второто полувреме израмни за конечни 2:2.

Токму погодокот со глава беше и јубилеен за Роналдо. Кристијано стигна до бројката од 450 првенствени погодоци во Топ-5 лигите во Европа. Португалецот има погодувано во Англија како играч на Манчестер јунајтед, во Шпанија во дресот на Реал Мадрид, а сега и во Италија како член на Старата дама.

Ниту еден друг фудбалер во историјата нема стигнато до 450 првенствени гола во Топ-5 лигите во Европа. Најблиску до Роналдо, секако, е Лионел Меси.

Аргентинецот кој целата кариера ја поминува во Барселона, вечерва погоди еднаш во победата над Вилјареал од 4:0. За Меси тоа беше вкупно 445-ти погодок во Примера дивисион и е само на пет погодоци зад Роналдо, кога се работи бројот на реализации во Топ 5 првенствата во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести