Кристијано Роналдо со гол и асистенција му донесе победа на Ал-Наср против Ал-Раед од 2-1 во меч од саудиската фудбалска лига.
За Португалецот кој за шест дена ќе наполни 40 години, погодокот му беше 921-ви во кариерата, а со 14 голови сезонава е прв стрелец во моментов во лигата во која играат и Карим Бензема, Александар Митровиќ и други голгетерски ѕвезди.