Роналдо „пукна“: Не дојдов во Манчестер за да бидеме шесто или седмо место

Кристијано Роналдо и јавно кажа дека не е задоволен од моменталниот изглед на табелата. Манчестер јунајтед моментално е на седмото место во Премиер лигата со 31 бод од 19 меча и заостанува неверојатни 22 бода зад лидерот Манчестер сити, кој досега одигра 21 дуел.

„Нашата цел е да бидеме во Топ 3 на табелата. Сметам дека се потребни некои промени за да стигнеме до таа позиција. Мораме да го подигнеме нивото на игра. Способни сме да ја промениме ситуацијата во наша корист. Знам дека е поедноставно да се каже тоа, но не дојдов тука за да се борам за седмо, шесто или петто место на табелата. Тука сум за да победувам и да се борам за највисок пласман“, рече Роналдо.

Манчестер веќе направи една промена откако му со заблагодари на тренерот Оле Гунар Солскјер, а на негово место го назначи Ралф Рангник, но ситуацијата во тимот не се промени ништо посебно.

Манчестер јунајтед в сабота ќе гостува во Бирмингам кај Астон вила во меч од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести