Роналдо сам себе се прогласи за најдобар и објасни зошто е тоа така

Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на денешницата откако суперкомпјутер пресмета дека Аргентинецот има подобри перформанси од Кристијано Роналдо. Професорот од белгискиот град Левен објасни како е дојдено до тоа дека Меси е подобар од Роналдо. Португалецот веднаш имаше свое мислење и го корегираше компјутерот и професорот, велејќи дека тој е најдобриот.

„Јас сум најдобриот фудбалер во светот и тоа е така затоа што јас немам недостатоци. Во 2020 година сите ќе го видат тоа. Играта на Јувентус е мојот приоритет. Сакам сѐ што е поврзано со торинскиот тим. Ја сакам италијанската култура, среќен сум тука и сакам да играм уште неколку години“, рече Роналдо, кој во изминативе неколку месеци гледаше како Меси ги добива наградите за најдобар според ФИФА, УЕФА, а Аргентинецот ја освои и „Златната топка“.

Португалецот беше прогласен за најдбар фудбалер на Јувентус за минатата сезона, а во оваа сезона досега одигра 21 меч во кои даде 12 погодоци, а имаше и една асистенција.

 

- Оглас -

Најнови вести