Роналдо се враќа во составот на Јуве

Андреа Пирло, тренерот на Јувентус, потврди дека Кристијано Роналдо се враќа во составот за дуелот против Парма oд 32-рото коло во Серија А.

Португалецот имаше мали проблеми со препоните, но повредата е надмината и се очекува Кристијано да биде во стартните 11 на Бјанконерите. Исто така и Буфон ќе биде меѓу диреците за оваа средба, додека Пирло ќе му даде шанса на Дибала во почетната постава.

Она што го мачи актуелниот италијански првак е отсуството на Федерико Кјеза, еден од најконстантните играчи сезонава, кој пак се повреди и засега е непозната неговата пауза.

Јувентус утре против Парма ќе атакува на победа, со која ќе остане во неизвесната трка за пласман во Лигата на шампионите. По 31-вото коло, Јуве е на четвртото место на табелата со 62 бода, два помалку од Аталанта, односно четири бода помалку од второпласираниот Милан. Воедно, Наполи и Лацио ѝ дишат во врат на Старата дама со 60, односно 58 бода.

- Оглас -

Најнови вести