Роналдо се врати од Дубаи и упати моќна порака до фановите на Јувентус

Паузата од една недела која ја добија фудбалерите во Италија за да може фамилијарно да ги поминат Божиќните празници, Кристијано Роналдо ја искористи за да отпатува во Дубаи, каде што ја доби наградата за најдобар фудбалер во 21 век.

Португалецот сега повторно е во Торино и веќе денеска се врати на тренинг, а потоа упати јасна порака до фановите на италијанскиот првак.

„Имав кратка пауза на која секогаш ќе се сеќавам по убава причина. Одличен период и прекрасни спомени со семејството, пријателите и навивачите во Дубаи. Сепак, сега се враќам на работа. Батериите се наполнети и се враќам мотивиран како никогаш претходно“, порача Роналдо во својата порака на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести