19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Роналдо си купи авион од 70 милиони евра

Кристијано Роналдо повторно го привлече вниманието откако се пофали со нов приватен авион вреден 70 милиони евра. Станува збор за Gulfstream G650, еден од најбрзите и најлуксузни млазни авиони во светот, со досег од 7 500 наутички милји.

Авионoт е обвиен во сјајна металик боја, а на каросеријата е истакнато неговото препознатливо лого CR7. Во внатрешноста се наоѓаат три одделни кабини со различни простории за престој, кои можат да примат до 19 патници. На средината на авионот е прикажана силуета на Роналдо во неговата карактеристична поза на прослава на гол.

Според „Ал Арабија“, Роналдо претходно беше сопственик на Gulfstream G200, кој го продаде за да ја набави поновата и понапредна верзија.

Португалскиот напаѓач моментално игра за саудискиот Ал-Наср и се наоѓа на врвот на листата на најплатените спортисти за 2024 година според „Форбс“, со заработка од 250 милиони евра годишно. Оваа сезона Роналдо постигна 16 гола и оствари три асистенции во 19 натпревари за својот тим.

- Оглас -

Најнови вести