Кристијано Роналдо се израдува на уште еден трофеј со Португалија. Капитенот на оваа селекција синоќа го крена трофејот наменет за најдобриот во Лигата на нациите на УЕФА. Во големото финале, Португалија минимално со 1:0 ја победија Холандија.
Интересно е тоа што по завршувањето на дуелот, Роналдо тргна во една неочекувана мисија. Португалецот му честиташе на младиот дефанзивец на Холандија Матајс де Лихт за добрата игра, а потоа го праша дали планира летово да дојде да игра заедно со него во Јувентус.
Младиот Холанѓанец бил збунет од тоа што го зборува Роналдо.
„На почетокот не го разбрав што ми зборува. Ме праша дали планирам летово да дојдам во тимот на Јувентус и да играм заедно со него. Бев шокиран и само му се насмеав. Не му одговорив ништо“, откри Де Лихт за тоа што се случи по мечот.