Роналдо со силна порака до сите конкурентни на Манчестер јунајтед во Премиер лигата

Кристијано Роналдо повторно е главен во Премиер лигата. Португалецот се врати во Манчестер јунајтед и тоа по цели 12 години пауза. Со играње на дуелот против Њукасл, Роналдо вчера постави и еден рекорд во Премиер лигата, а тоа е дека стана играч со најдолга пауза меѓу два меча во англиското првенство.

Португалецот повторно е дел од Премиер лигата по точно 12 години и 18 денови, затоа што претходниот меч го имаше одиграно во мај 2009 година. Претходно овој рекорд го држеше Дамиен Делејни кој имаше пауза од 11 години и 155 денови меѓу два меча во Премиер лигата (од 2002 до 2013 година).

Роналдо имаше фантастично враќање во дресот на Манчестер. Даде два гола во победата од 4:1 против Њукасл.

„Не очекував дека ќе дадам два гола на првиот меч. Очекував дека ќе дадам барем еден гол, но не и два. Многу сум горд. Благодарам на навивачите кои ми дадоа толкава подршка. Ова е неверојатно. Во Англија прв пат пристигнав кога имав само 18 години и мило ми е што сега повторно сум тука“, рече Роналдо по мечот.

Како роден победник, Роналдо вели дека размислува за освојување на трофеи, дека Манчестер има добар тим, но сепак мора ментално да биде поцврст за да се очекуваат најголеми успеси.

„Ви реков и претходно дека ова е тим кој има огромен потенцијал. Имаме фантастични играчи, добар тренер и добар тим. мораме да го зацврстиме менталитетот ако сакаме да ги освоиме титулите во Лигата на шампиони и Премиер лигата. Тука сум за да помигнам на тимот. Во екипата има вистински дух и одлични 11играчи како на теренот, така и на клупата за резерви“, додаде Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести