Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и натаму буди страв кај противниците и тресе мрежи во дресот на Ал-Наср. Но, брендот „CR7“ не го развива само на теренот, Роналдо сè повеќе ги насочува своите амбиции и кон фудбалот надвор од него.
Неговата компанија „CR7 Sports Investments“ вчера официјално потврди дека откупила 25% од акциите на шпанската Алмерија, чекор што го става легендарниот напаѓач во светот на клупското стопанство.
Шпанскиот тим, кој се натпреварува во Втората лига на Шпанија, е под покровителство на саудискиот спортски магнат Турки Алалших, а формален сопственик е „SMC Group“. Во јавноста веќе се шпекулира дека Роналдо не е целосно задоволен од управувањето со некои од саудиските клубови, па оваа инвестиција можеби е негов личен потег за поголема автономија и влијание.
„Секогаш сум имал желба да придонесам кон фудбалот и надвор од теренот. Алмерија е клуб со стабилни темели и јасен потенцијал за раст. Се радувам на соработката со раководството во следната фаза од развојот на клубот“, изјави Роналдо преку клупското соопштение.
Интересен детаљ е дека претседател на клубот е Мохамед ал Херејџи, човекот кој се шпекулира дека имал важна улога во трансферот на Роналдо од Манчестер јунајтед во Ал-Наср во 2022 година.
Comunicado oficial:
— UD Almería (@U_D_Almeria) February 26, 2026
Cristiano Ronaldo invierte en la UD Almería como parte del consorcio propietario del club liderado por SMC Group pic.twitter.com/0hGGWguEc0

